ВНАТРЕШНИ ВРАТИ
Внатрешни врати од бука, врати од бука/заоблена каса, врати од даб, врати од медиапан, врати од орев и максимално брза испорака на големо задоволство на нашите клиенти.

Медијапански врати


Врати изработени од медијапан со дебелина 4/6/8mm исполнети со хартиено саќе или тврдопресована иверица (јадро).

Рамката е изработена од првокласно елово дрво погодно за прицврстување на шарките (ментешињата) и бравата.

Вратите можат да бидат и гравирани на CNC машина согласно со прикажаните модели или по желба.

Боењето се врши со шприцање на двокомпонентна боја во три слоја и сите нијанси на бои по рал карта.

Фурнирани врати


Врати изработени од фурниран медијапан со текстура на даб, јасен, бука, и др.

Исполнети со хартиено саќе или тврдопресована иверица ( јадро).

Рамката е изработена од првокласно елово дрво погодно за прицврстување на шарките (ментешињата) и бравата.

Боењето се врши по пат на бајцовање и лакирање со различни нијанси.

Застаклени врати


Застаклувањето се врши со 3, 4 или 5mm стакло орнамент, прицврстено со обични лајсни или со апликација (решетка).

Вратите можат да бидат од медијапан, фурнир или масив.
Дали ви се допаѓа нашата работа? 
Сакате да соработуваме?